fbpx

ЕУ ја забранува пластиката за еднократна употреба од 2021 година

-

Стапчиња за уши, чинии од пластика, лажици, вилушки, ножеви, потоа сламки за пиење, лажичиња за мешање пијалоци, вилувчиња за помфрит – сите изработени од пластика – како и чашите и садовите за брза храна од полистирен, од 2021 година ќе бидат забранети во Европската Унија.

Политичкиот договор за оваа забрана денеска го постигнаа Европскиот парламент и Советот на ЕУ, откако Европската комисија на крајот на мај годинава ја презентираше нацрт-директивата за забрана на пластиката за една употреба. Советот на ЕУ на 6 ноември почна преговори со Европскиот Парламент (ЕП) за новата забрана, коишто завршија успешно денеска. Следниот чекор е предлог-директивата да биде прифатена од амбасадорите на членките во ЕУ, по што ќе оди на изгласување во ЕП, а потоа на конечно усвојување во Советот на ЕУ.

Оваа директива е дел од големата Стратегија за пластиката на ЕУ а целта е да се намали количеството исфрлена пластика, од која најголемиот дел завршува во морињата и океаните, наштетувајќи му во огромна мерка на живиот свет таму.

Така, забранети ќе бидат десетте најприсутни пластични работи за една употреба, за кои има поеколошка алтернатива или можност да бидат целосно исфрлени. Освен стапчиња за уши, чинии од пластика, лажици, вилушки, ножеви, потоа сламки за пиење, лажичиња за мешање пијалоци, вилувчиња за помфрит – сите изработени од пластика – како и чашите и садовите за брза храна од полистирен, ќе бидат забранети и сите нешта изработени од охо-пластика и цевчињата за балони.

Еврокомесарката за животна средина, морски прашања и рибарски басени Кармену Вела рече дека со денеска постигнатиот договор меѓу ЕУ и ЕП е направен огромен чекор напред.

– Кога имаме ситуација една година дома во пластична кеса да донесеш риба, а следната година да ја донесеш истата кеса во риба, мора да работиме напорно и брзо. Среќна сум со денешниот договор меѓу Парламентот и Советот, направивме голем исчекор кон намалување на количеството на пластика за една употреба во нашата економија, нашиот океан,  и на крајот и во нашите тела – рече Вела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...