fbpx

ЕУ ја одобри контроверзната Директива за авторските права на Интернет

-

Европскиот парламент гласаше за Директивата за авторски права, контроверзниот закон кој има за цел да ги ажурира законите за авторски права онлајн.

Директивата првично беше одбиена од страна на европарламентарците во јули по критиките за две клучни одредби: членовите 11 и 13. Сепак, во парламентот ова утро, беше усвоена ажурирана верзија на директивата, заедно со изменетите верзии на членовите 11 и 13. Конечното гласање беше 438 за, а 226 против.

Самата директива се уште се соочува со финалното гласање во јануари 2019 година (иако експертите велат дека е малку веројатно дека нема да помине). Потоа ќе треба да бидат имплементирана од страна на земјите-членки на ЕУ, каде би можело да има значителни разлики во начинот на кој тие го избираат текстот на законот.

Најважните делови се членовите 11 и 13. Членот 11 има за цел да им даде на издавачите и весниците начин да заработат пари кога компаниите како „Гугл“ ги линкуваат нивните приказни, овозможувајќи им да бараат платени лиценци. Членот 13 бара одредени платформи како што се „Јутјиб“ и „Фејсбук“ да ги спречат корисниците да споделуваат нелиценциран материјал заштитен со авторски права.

Доколку овој закон за авторски права добие конечно одобрување од Европскиот парламент во јануари, тоа ќе има огромни последици врз интернетот, и во Европската Унија и во целиот свет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...