ЕУ и Велика Британија постигнаа преоден договор за Брексит


       
Брисел, 19 март, 2018 - 15:14 (META) 

Европската унија и Велика Британија постигнале преоден договор за Брексит кој ќе важи до 31 декември 2020 година, извести во Брисел главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.

Со договорот биле прецизирани детали за правата на граѓаните, но и за финансиски прашања. Како што изјавил Барние, проблемот со границите со Ирска останал нерешен.

Барние додал дека станува збор за значаен исчекор, но сепак не било крај на преговорите. Голем број на прашања биле решени, а ирското прашање ќе било решено во финалниот текст.