fbpx

ЕУ ѝ порача на Русија да ја ослободи украинската жена-пилот

-

Европска Унија побара од Москва да ја ослободи украинската жена-пилот Нада Шевченко, која штрајкува со глад во руски затвор.

На состанокот одржан во Брисел, претставниците на ЕУ побараа итно ослободување на Украинката.

Шевченко, која е првата жена воен пилот во Украина, е обвинета дека минатата година во Источна Украина ги убила руските новинари Игор Корнелик и Антон Волошин.

Веднаш по настаните, проруските активисти ја заробиле и ја однеле во Русија.

Минатиот месец, исто така, е обвинета дека нелегално ја минала границата меѓу Русија и Украина, додека нејзиниот адвокат наведува дека таа е киднапирана и однесена во Русија против нејзина волја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...