fbpx

ЕУ и ММФ бараат од Грција да ги намали трошоците и да ги зголеми даноците

-

На преговорите во Брисел, министрите за финансии на Еврозоната, Европската централна банка и ММФ бараат од Атина да ги намали државните трошоци и давачки за пензија за 11 милијарди евра, како и да ги намали трошоците за одбрана за 400 милиони евра.

Тие го отфрлија предлогот на грчкиот премиер Алексис Ципрас да се воведе данок на компаниите кои имаат профит поголем од половина милион евра. Според Ципрас, ваквите предлог-мерки на доверителите повеќе ќе ги погодат сиромашните отколку богатите, со поголеми приходи.

Владата во Атина основата за договор ја гледа во својата определба за спречување на затајување на данок и на корупција, реформи во државната управа и во зголемување на данокот со што би достигнала сума од околу осум милијарди евра. Сепак, останува на ставот дека грчкиот долг мора да се репрограмира барем во еден дел.

ММФ и Германија сметаат дека данокот на потрошувачка и на профит на компаниите дополнително ќе ја задуши грчката економија, која повторно е на работ на рецесија.

Ако до 30 јуни не се постигне договор и Грција не ја добие последната транша на кредитна помош од 7,2 милијарди евра и поради тоа не го исплати доспеаниот долг кон ММФ од 1,6 милијарда евра, Централната банка на ЕУ нема да може да им помага на грчките банки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...