ЕУ го губи трпението, предложени санкции за Полска


       
Брисел, 16 ноември, 2017 - 12:14 (META) 

Европскиот парламент со 438 гласа „за“ и со 152 „против“, усвои резолуција со која се предвидува активиеање на механизмот за воведување санкции од ЕУ против Полска.

Варшава сè повеќе отстапува од нормите на демократијата и на правната држава, сметаат европарламентарците. Станува збор за активирање на членот 7 од спогодбата за ЕУ, кој може да ја лиши Полска од право на глас во Советот на ЕУ.

Претходно, претседателот на Полска стави вето на усвојување закон во парламентот за Национален судски совет и за Врховниот суд. Тој на 25 септември претстави алтернативна верзија на овие закони. Европската комисија ги критикуваше преложените закони, наведувајќи дека тоа ќе ја потчини судската власт на извршната. ЕК, исто така, се противи и на двата закони што ги потпиша претседателот, за работата на основните судови и за Националната школа за судии. Според Брисел, тоа сериозно ќе ја поткопа независноста на правосудството во Полска.