fbpx

ЕУ експедитивно ќе ги враќа назад македонските и балканските баратели на азил

-

Министрите за внатрешни работи на ЕУ вчера подготвија предлог со кој барателите на азил од Западен Балкан ќе можат брзо да се вратат назад во земјите од кои доаѓаат, јавува порталот „ЕУ обзервер“.

Предлогот е дел од поголем план, на ниво на ЕУ за создавање листа на безбедни земји. Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Ирска, Луксембург, Малта и Франција веќе имаат вакви национални листи.

Порталот наведува дека постои голема разлика во тоа кои земји се наоѓаат на листата, кои критериуми се користат за дефинирање земја со безбедно потекло и како тоа се применува во практика.

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, минатата недела испрати писмо до министрите за внатрешни работи во кое се наведува дека ваквите мерки, кои ќе важат на ниво на ЕУ, „ќе го забрзаат третманот на апликациите за азил“. Во писмото, исто така, се наведува дека од почетокот на годинава бројот на баратели на азил од Балканот е поголем од оној на лицата што доаѓаат од завојуваната Сирија.

Во првите три месеци од годинава, околу 48.900 апликации за азил се поднесени од лица од Косово, што е речиси двојно повеќе во споредба со бројот на лицата од Сирија, кои во истиот период поднеле 29.100 барања. Овој тренд, како што се наведува, е во опаѓање.

Порталот наведува дека Балканците имаат екстремно мали шанси да добијат азил во ЕУ, а како пример се наведува Македонија, каде минатата година од 10.300 апликации, помалку од еден процент добиле позитивен одговор.

ЕУ-земјите кои имаат листа на безбедни земји имаат различни критериуми според кои се водат. Во Велика Британија, каде листата е најдолга и има 25 земји, како безбедна земја се смета таа каде што нема прогон. Во Белгија и во Германија, критериумите се поинакви, па кај нив, покрај другите критериуми, за безбедни земји се сметаат оние во кои има демократски политички систем, кој е регулиран со закон, имаат ратификувано и функционираат во согласност со меѓународните договори за човекови права и основни слободи и не применуваат сериозно прекршување на човековите права, како што е тортурата.

Франција има слични критериуми, но во нејзините не е вклучена тортурата или нечовечкиот и деградирачки третмани или казнувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...