Вулканот Шинмоедаке во јужниот дел на Јапонија еруптираше првпат во последните шест години, исфрлајќи облаци пепел во висина од неколку стотина метри, јавуваат светските агенции.
Јапонските власти веднаш издале предупредување и го повикале населението во близина на вулканот на евакуација.
Вулканската пепел достигнала висина од 300 метри кога почнала ерупцијата, која најверојатно ќе продолжи и ќе стане поинтензивна, навеле од јапонската метеоролошка агенција.
Пепелта била распослана во круг од повеќе од два километри околу кратерот на вулканот. Нивото на предупредување е подигнато на трет степен, што значи забрана за приближување до вулканот.
Јапонија лежи на познатиот Пацифички огнен појас и има неколку активни вулакни кои неретко предизвикуваат и земјотреси. Во септември 2014 година вулканот Онтаке по 90 години ненадејно еруптиташе, при што загинаа 63 лица.