fbpx

Ердоган: Турција има најголема слобода на медиумите

-

Турција има најслободен печат во светот, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, отфрлајќи ги на тој начин критиките дека медиумските слободи се сериозно ограничени за време на неговото владеење, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

„Никаде низ светот печатот не е послободен отколку во Турција. Многу сум сигурен во себе кога ова Ви го кажувам“, изјави Ердоган во говор на конференција во Анкара, што директно беше пренесувана на телевизија.

– Печатот е толку слободен во Турција, што човек може да  упати навреди, клевети, расистички пораки и говор на омраза, кои не се толерирани дури ни во демократските земји – рече Ердоган, додавајќи дека тој лично го преживаел тоа, како и неговото семејство.

Коментарот на Ердоган е даден на помалку од две недели по полициските упади во опозициските медиуми, што беа поврзувани со главниот политички противник на Ердоган, проповедникот Фетула Ѓулен, кој живее во САД, како и со ослободувањето на 16-годишно момче, кое очекува судење, а беше уапсено поради навреда на Ердоган.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...