fbpx

Ердоган одобри закон за распоредување на турски војници во Катар

-

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска одобри закон со кој се овозможува распоредување турски сили во Катар, по што законот е објавен во Службен весник, јави Турската радио-телевизија.

Парламентот на Турција на 7 јуни во рамки на Спогодбата меѓу Турцијаа и Катар усвои нацрт закон кој овозможува распоредување на турски сили во Катар.

Инаку, спогодбата меѓу двете земји за распоредување турски сили на подрачјето на Катар е потпишана на 28 април 2016 година.

Целта на усвоениот закон е придонес кон модернизација на воените структури на Катар во рамки на меѓународното право и интензивирање на соработката во рамки на воената обука и образование.

Исто така, законот предвидува дополнителен развој на вооружените сили на Катар преку заеднички вежби, обуки и образование, како и зголемување на интероперативноста и координацијата на двете земји за придонес кон мирот во регионот и во светот. Во договорот се наведува дека главна цел на заедничките обуки и вежби е развивање на одбранбените можности на Катар

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...