fbpx

Ердоган не ја отфрла можноста за воведување смртна казна

-

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во своето прво интервју по неуспешниот воен пуч, не ги демантираше најавите дека Турција повторно ќе ја воведе смртната казна за да се пресмета со уапсените, кои се товарат за учество во организација на неуспешниот удар. Според последните податоци, приведени се околу 9.000 лица.

– Јано е дека имаме злосторство за велепредавство. Но, секако парламентот ќе мора за тоа да донесе одлука во смисла за уставни измени, а политичките лидери ќе мора да расправаат за тој предлог и ако помине, јас, на крај, како претседател ќе го ставам својот потпис на одлуката на парламентот – рече турскиот претседател.

Ердоган во интервјуто за „Си-ен-ен“ вели дека народот се противи на тоа учесниците во пучот да бидат во затвор и со години да се хранат на товар на државата.

– Народот сака што побргу да завршиме со ова, затоа што на луѓето им се убиени роднини, соседи и деца. Тие многу страдаат, многу се чувствителни и затоа и ние мораме да дејствуваме разумно и со сочувство – рече Ердоган.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...