fbpx

Ердоган не го прифаќа извинувањето од НАТО

-

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го отфрли извинувањето од НАТО откако неговото име се појави на листата на непријатели за време на воена вежба во Норвешка.

– Вчера видовте однесување полно со непочитување, за време на воената вежба на НАТО. Постојат грешки кои не ги прават будали, туку луѓе со низок морал. Тоа не може лесно да се заборави – изјави Ердоган во говор кој беше емитуван во живо на националната телевизија.

Турскиот претседател истакна дека тоа не може да се поправи со обично извинување.

Ердоган вчера рече дека Турција ги повлекува своите 40 војници од воената вежба на НАТО во Норвешка откако неговото име и името на Кемал Ататурк се појавиле на листата на непријатели на постер за време на вежбата.

НАТО и Осло им се извинија на Турција и на нејзиниот претседател за инцидентот откако турскиот лидер ги повлече своите војници од воената вежба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...