fbpx

Ердоган: Никому не му е во интерес продолжувањето на катарската криза

-

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул изјави дека „никому не му е во интерес“ да продолжи кризата во Персискиот Залив.

Говорејќи пред почетокот на неговата дводневна поста на Катар и на Саудиска Арабија по повод дипломатската криза во регионот, Ердоган истакна дека веќе никој нема каков било интерес за пролонгирање на кризата.

Претседателот на Турција ги обвини „непријателите“ дека се обидуваат да ги „зајакнат тензиите помеѓу браќата“.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет на 5 јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар обвинувајќи ја земјата дека поддржува тероризам и дека е поврзана со Иран кој е регионален ривал на Саудиска Арабија.

Катар ги отфрли обвинувањата.

Ердоган денеска и утре ќе ги посети Катар и Саудиска Арабија, а медиумите пренесуваат дека тој ќе го посети и Кувајт, кој е главен посредник во решавањето на дипломатската криза во тој регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...