Ердоган ќе бара поништување на одлуката на Трамп за Ерусалим во ОН


       

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе покрене иницијатива во ОН да се поништи одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим како израелска престолнина.

Ердоган рече дека Турција најпрво ќе побара поништување на одлуката на Советот за безбедност на ОН и оти ако тој обид не успее прашањето ќе го покрене пред Генералното собрание на ОН.

Лидерите на муслиманските земји на конференција во Истанбул, која се одржа во средата ја осудија одлуката на Трамп за Ерусалим и го повикаа светот да реагира така што ќе го признае источен Ерусалим за престолнина на Палестина.