fbpx

Ердоган: Каде е богатиот Запад, каде се милијардите за бегалците?

-

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека на северот од Сирија е потребен регион исчистен од тероризам и дека таму нема да дозволи формирање каква било држава.

Тој во Истанбул присуствуваше на генералното собрание на турската канцеларија за надворешна трговија, каде што се осврна на актуелните случувања во Турција и во регионот.

Ердоган истакнал дека Европската Унија ветила дека од 1 јули ќе обезбеди три милијарди евра за помош на сириските бегалци во Турција, но дека досега стигнале само 677 милиони долари.

– Каде е Западот? Каде е тој богат Запад? Каде е грижата за човековите права? Каде се трите милијарди евра што ни ги ветија? Ги нема. Кај нив не постои загриженост за човештвото, ниту грижа за жртвите и за угнетените. Турција е таа која се грижи за нив – рече Ердоган.

Тој потсети дека неговата земја до денеска за потребите на бегалците издвоила 20 милијарди долари.

Осврнувајќи се на ситуацијата на северот од Сирија, рече дека Турција од почетокот нагласувала дека таму единствено треба да се оформи регион исчистен од тероризам.

– Тоа го бараме од почеток. Ако тоа не го направиме, Газиентап е секогаш во опасност. Но, што е всушност целта на некои? Да формираат држава на северот на Сирија. Нека се знае, нема да дозволиме да се формира таква држава – порача турскиот претседател.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...