fbpx

Ердоган и Путин ќе пробаат да ги „ресетираат“ односите

-

Во Санкт Петерсбург, денеска ќе се сретнат претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган, пред средбата изјави дека сака да ги обнови врските со Русија и да ја „ресетира“ соработката во неколку сектори.

– Ќе биде отворена нова страница во руско-турските односи. Оваа страница ќе ги опфати воената, економската и културната соработка – рече Ердоган во интервјуто за ТАСС.

Според најавите од Москва, на средбата Путин-Ердоган ќе стане збор за укинување на руското ембарго за увоз на турски стоки и на чартер летови, за возобновување на проектот „Турски поток“, за кризата во Сирија, за борбата против тероризмот, како и за „други регионални и меѓународни теми“.

Советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков деновиве најави дека на средбата во Санкт Петербург нема да биде потпишан никаков договор, но самиот чин што Ердоган реши првата земја што ќе ја посети по обидот за преврат да биде токму Русија, говори за значењето што Анкара им го придава на односите со Москва.

Денешната средба се очекува да претставува нов чекор кон затоплување на односите меѓу двете земји, по нивното драстично влошување лани во ноември, кога турските сили урнаа руски воен авион над границата со Сирија. Ова е прва посета на Ердоган на една странска земја по обидот за воен удар на 15 јули.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...