fbpx

Ердоган го одби безвизниот режим на ЕУ

-

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја одби понудата на Европската Унија да воведе безвижен режим во замена за смена на турските закони за тероризам.

– Ние ќе одиме по својот пат, а вие одете по вашиот – рече Ердоган, а пренесува „Би-би-си“.
ЕУ побара од Турција да ги измени своите закони за тероризам во замена за воведување безвизен режим за граѓаните на земјата.

ЕУ побара од Анкара да ја стесни својата дефиниција за тероризам и терористички организации, која е значително поширока од дефинициите што се прецизирани во законите кои владеат во делови од Европа.

Планот е дел од поголемиот договор, кој подразбира враќање на сириските бегалци од Грција во Турција за да се ублажи ситуацијата со бегалската криза во Европа.

Ердоган тврди дека Турција не може да ја стесни дефиницијата затоа што државата се наоѓа под голема закана од терористи, додека одредени опозициски партии сметаат дека дефиницијата е наменета за задушување на опонентите, критичарите, новинарите и на „одметнатите“ академици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...