fbpx

„Ербас“ се закани дека ќе го напушти производството во Велика Британија

-

Европскиот произведувач на авиони „Ербас“ се закани дека ќе ја напушти Велика Британија доколку таа се одвои од Европска унија без постигнат договор за идните трговски односи.

Компанијата која вработува 14.000 луѓе на 25 локации во Велика Британија соопшти дека ќе ги преиспита своите инвестиции во Велика Британија, како и својот иден престој во земјата доколку не биде постигнат трговски договор.

„Ербас“ ова го наведе при процената на ризикот врзан за Брексит објавен синоќа. Спред проценката, во случај да нема постигнат договор, односно доколку Велика Британија го напушти единствениот европски пазар и царинската унија без договор за транзиција, тоа ќе предизвика „големи пореметувања“ во британското производство.

„Едноставно речено тоа сценарио без договор директно му се заканува на иднината на „Ербас“ во Велика Британија“, изјави Том Вилијамс, директор во „Ербас“.

Тој додаде дека, во секое сценарио на Брексит, ќе се има силни негативни последици по авиоиндустријата во Велика Британија и посебно за „Ербас“ и дека затоа мора да се забрзаат мерките за ублажување на тие последици.

Од „Ербас“ исто така додаваат дека, моментно предложениот преоден договор помеѓу ЕУ и Велика Британија кој трае до крајот на декември 2020 е многу краток за компанијата да го реорганизира синџирот на набавки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...