fbpx

ЕП Полска: Македонија во третиот шешир

-

Македонија го продолжи трендот со настапи на големите натпреварување обезбедувајќи пласман на Европското првенство во Полска, а првите луѓе на ЕХФ не чекаа долго за да го објават изгледот на шеширите и распоредот според освоеното место во квалификациската група, пренесе „Дерби“.

Првите два шешира ги сочинуваат селекции што завршија први во групата и плус домаќинот Полска, додека Македонија се најде во третиот барабан во друштво на Русија, Германија и на Белорусија.

Според правилата на ЕХФ, домаќинот имаше право да избере кои репрезентации ќе ја имаат улогта на фаворити во групите, па, така, Полска ќе биде дел од групата А, Хрватска од групата Б, Германија од групата Ц и Данска од групата Д.

ШЕШИР 1: Франција, Данска, Шпанија, Хрватска

ШЕШИР 2: Исланд, Полска, Шведска, Унгарија

ШЕШИР 3: Русија, Македонија, Германија, Белорусија

ШЕШИР 4: Србија, Норвешка, Словенија, Црна Гора

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...