This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Oct 15 8:28:58 2018 / +0000 GMT

ЕП ја почна битката против враќање на километражите на автомобилите




Европскиот Парламент (ЕП) вчера изгласа резолуција со која бара од Европската Комисија (ЕК) во рок од една година да изготви законска рамка со која ќе се забрани враќањето на километражите на автомобилите и километражата ќе се контролира при секој технички преглед.

Проблемот е толку голем, што во земји како Бугарија, Словачка и Полска, бројката на продадени користени автомобили со вратена километража достигнува до 80 отсто.

- Од пет до 12 отсто од користените возила што се продаваат во ЕУ и 30 до 50 отсто од оние што се продаваат надвор од границите на ЕУ се со вратена километража. Има потреба да се формираат национални бази на податоци за километражата на секое возила и да се воспостави прекугранична размена на тие податоци. Доколку ЕК подготви закони, тоа би значело придобивка од шест до девет милијарди евра годишно и би ја вратило довербата на купувачите во користените возила, а исто така ќе придонесе и за безбедноста на патиштата - рече во ЕП известувачот, европарламентарецот од Германија, Исмаил Ертуг.

Покрај тоа, се бара од производителите да воведат технологии што ќе го оневозможат враќањето на бројчаниците.

Според резолуцијата што беше изгласана во ЕП вчера, проверката на километражата треба се прави при секое сервисирање, при секој технички преглед, почнувајќи од првото регистрирање на возилото.

Враќањето на километражата предизвикува директни штети не само на купувачите, туку и на животната средина и на безбедноста во сообраќајот, се вели во резолуцијата.

Редовна проверка на километражата засега функционира во Белгија и Холандија, а само шест членки на ЕУ имаат закони со кои враќањето на бројчаниците се смета за кривично дело. Во другите земји тоа се смета само за прекршок.
Post date: 2018-06-01 11:08:13
Post date GMT: 2018-06-01 09:08:13
Post modified date: 2018-06-01 11:12:57
Post modified date GMT: 2018-06-01 09:12:57
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com