fbpx

Елези: Ги следиме меѓународните стандарди за спречување на даночно затајување

-

Македонија ги следи меѓународните стандарди и трендови за спречување даночно затајување и избегнување плаќање данок, истакна заменик-министерката за финансии Ширет Елези на конференцијата која се одржува во Тбилиси, Грузија, насловена „Подобрување на меѓународната соработка: Борба против даночната евазија“.

Елези истакна дека до крајот на 2019 година државата ќе ги имплементира стандардите БЕПС (Base Erosion and Profit Shifting), кои се однесуваат на намалување на можностите за избегнување на плаќање данок преку селење на профитот во таканаречените даночни раеви.

„Македонија соработува и со Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации. Како правна рамка и основа за спречување даночна евазија, државата ги користи и договорите за одбегнување на двојно оданочување, склучени со 48 земји“, изјави Елези.

На форумот во Грузија учествуваат 20 земји со над 60 учесници, претставници на министерства за финасии, народни банки, директори на управи за јавни приходи, претставници на Европската комисија, на Светска банка и ОЕЦД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...