fbpx

ЕЛЕМ: СДСМ лаже, ископот во Суводол се одвива непречено

-

Државната компанија за производство на електрична енергија ЕЛЕМ ги демантира тврдењата на пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој обвини дека е целосно скината приемната лента на одложниот транспортер на багерот „банваген 5.500“ и дека лентата и багерот се надвор од употреба.

Oд компанијата велат дека ископот се одвива непречено, а на транспортерот се вршел рутински зафат кој нема да трае повеќе од три дена, односно се менуваат механички делови.

„СДСМ продолжува да шири лаги и дефетизам. Граѓаните на Република Македонија и вработените на АД ЕЛЕМ се сериозно загрижени од непознавањето на материјата од страна на СДСМ.  Ковачевски очигледно повторно не е информиран. Доколку дојде во РЕК Битола ќе се увери дека ископот се одвива непрекинато. Се работи за рутински зафат на транспортерот, односно замена на механички делови, зафат кој нема да трае повеќе од три дена. Транспортерот очекуваме да биде целосно функционален во текот на утрешниот ден, најдоцна во среда наутро“, се вели во демантот.

Што се однесува на обвинувањето од Ковачевски за блокот 2 на РЕК Битола, од ЕЛЕМ велат дека тој се ремонтира „во согласност со однапред  утврдената динамика на работата на компанијата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...