fbpx

ЕЛЕМ продолжува со максимално испуштање на водата од Охридско Езеро

-

Бидејќи 2018 е година на големи води, АД ЕЛЕМ реализира максимално производство на електрична енергија со максимално испуштање на водата од Охридско Езеро во реката Црн Дрим, информираат од државниот производител на струја.

Со максимално испуштање на водите ќе се продолжи и во следните два месеца, додека котата не се стабилизира под номиналната максимална вредност од 693,75 метри надморска височина, велат од ЕЛЕМ

Според хидролошката информација издадена од УХМР, нивото на Охридското Езеро денеска изнесува 693,64 метри надморска височина, односно е на 11 сантиметри под максималната кота.

Од ЕЛЕМ објаснуваат дека со водостопанска дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање од 24 ноември минатата година за користење на водата на излез на реката Црн Дрим од Охридското Езеро, пропишано е дека АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија може да ја користи водата помеѓу минималната и максималната кота на Охридското Езеро, односно од 693,10 до 693,75 метри надморска визочина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...