This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Sep 25 11:18:38 2018 / +0000 GMT

ЕЛЕМ: Планирано исклучување на блок 3 во РЕК Битола




АД ЕЛЕМ информира дека РЕК Битола во текот на вечерта ќе изврши планирано исклучување на блок 3.

„Причината за планираното исклучување е намалениот конзум на електрична енергија во овој период и добрата хидролошка состојба која овозможува производство од хидроелектраните, што дава можност овој период да се искористи за превентивна нега на блокот, отстранување на помали дефекти и за зајакнување на оперативноста и на расположливоста на блокот. Блок 3 ќе биде вратен во мрежа на почетокот на следната недела. РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку блок 2, додека на блок 1 се изведува капиталниот ремонт“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Post date: 2018-07-11 13:16:49
Post date GMT: 2018-07-11 11:16:49
Post modified date: 2018-07-11 13:16:49
Post modified date GMT: 2018-07-11 11:16:49

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com