fbpx

ЕЛЕМ ќе купува сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола

-

Во завршна фаза е тендерската документација за купување на сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола, со што ЕЛЕМ ќе го елиминира или ќе го сведе на минимум ангажирањето на надворешни фирми во оваа државна компанија, информираат од таму.

Од таму додаваат дека, намерата на раководството е ЕЛЕМ и нејзините подружници при производството на електрична енергија да се потпираат на свои ресурси, наместо за тоа да се исплатуваат приватни фирми.

„Согласно направената физибилити студија од страна на Секторот за развој и инвестици во РЕК Битола, за целосна набавка на сопствена опрема ќе бидат потребни 64,5 милиони ера. Во прва фаза, сумата за набавка ќе биде 24 милиони евра и тендерот се очекува да биде распишан до крајот на февруари“, се додава во соопштението.

Од ЕЛЕМ велат дека, по откажувањето на „Трансмет“ од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола, бил распишан нов тендер за избор на фирма за ископ и транспорт на јаглен и јаловина.

„За да се покрие периодот од три месеци до избор на нова фирма кој ќе се изврши преку јавна е-аукција, склучен е привремен договор за ископ согласно Законот за јавните набавки кој предвидува услови од крајна итност, за да може да продолжи производството на електрична енергија во РЕК Битола. Истиот ден кога „Трансмет“ го извести ЕЛЕМ дека се повлекува од договорот, во РЕК Битола беа повикани да дадат свои понуди фирмите „Рудкоп“ и „Пелистер“ од Битола, „Машинокоп“ од Кавадарци, „Илинден“ од Струга и „Топлина“ од Охрид. Првичната цена која РЕК Битола ја доби изнесуваше 100 денари за гигаџул, додека последната понудена цена, на која и беше склучен договорот со фирмата „Пелистер“ изнесуваше 87,80 денари. Овој договор ќе важи во следните три месеци, до кога се очекува преку тендер и со јавно електронско наддавање да биде избрана фирма која ќе го врши ископот на јаглен во РЕК Битола“, соопштуваат од ЕЛЕМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...