fbpx

ЕЛЕМ го поништи тендерот за РЕК Битола, „Фероинвест“ пак понудил повисока цена

-

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) повторно го поништи тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола, откако и на последната, трета аукција, понудените цени биле повисоки од планираниот буџет на компанијата.

Од ЕЛЕМ велат доколку нема жалби од компаниите на одлуката, компанијата веднаш ќе распише нов тендер за набавка на гумени ленти.

„Доколку на оваа одлука нема жалби од учесниците на тендерот и доколку одлуката за поништување стапи на сила, АД ЕЛЕМ веднаш ќе пристапи кон распишување нов тендер, од причина што предметот на оваа јавна набавка, гумените ленти потребни за транспорт на материјалот, се неопходни за да може РЕК Битола непречено да работи“, стои во соопштението на ЕЛЕМ.

Вкупен планиран буџет на ЕЛЕМ за сите пет пакети е 4.200.000 евра.

Овој тендер предизвика големо внимание во јавноста бидејќи компанијата „Фероинвест“, која е еден од понудувачите на тендерот, е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој рече дека не гледа ништо спорно фирмата да учествува на тендери, бидејќи се запазени сите законски процедури, а потоа во гостување во емисијата „Топ-тема“ на телевизија „Телма“, рече дека „Фероинвест“ и другите компании кои се во негова сопственост, нема веќе да учествуваат на државни тендери.

Инаку, и на третата аукција за набавка на гумени транспортни ленти од 1.800 до 2.400 милиметри со платно, „Фероинвест“, како единствен понудувач, повторно лицитирал со истата сума, како на првата аукција, односно понудил 383.663 евра, а планираната максимална цена од ЕЛЕМ е 372.580 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...