fbpx

Експлозиите во Тетово и во Куманово не биле од рачни бомби

-

Две експлозии одекнале синоќа, една во Тетово, во близина на полициската станица, и една во Куманово, потврдуваат од полицијата.

Во експлозиите нема настрадани лица, а е причинета незначителна материјална штета.

Според привичните, неофицијлани информации од полицијата, не станува збор за рачни бомби (кашикари), туку за непознати експлозивни направи. За што станува збор ќе покаже вештачењето.

Детонацијата во Тетово, според неофицијални информации, одекнала околу 20 часот, а дошла од правец на оградата од дворот на полициската станица, додека екплозијата во Куманово се слушнала половина час подоцна, односно околу 20.30 часот.

На местото каде е активирана експлозивната направа во Тетово, според привичните информации од увидот, не се најдени шрапнели или некаков кратер од експлозијата.

Повеќе детали за случаите се очекува полицијата да соопшти во текот на денот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...