fbpx

Експертите предупредуваат на штетноста од нискиот водостој на Охридско Езеро

-

Еколозите и експертите предупредуваат на штетните последици од исклучително нискиот водостој на Охридското Езеро, кое е веќе далеку под дозволената минимална граница.

Научниот советник и раководител на одделението за краповидни риби во охридскиот Хидробиолошки завод, Трајче Талевски посочува дека нивото на водата во каналот Студенчишта е спуштено на многу критично ниво.

– Кај рибата која е влезена во каналот на презимување веќе се чувствува вознемиреност. Апелираме до ЕЛЕМ да ги затвори вратите на Дрим за да го намали испуштањето на вода од езерото. Со вакво темпо на незаконско испуштање може да се случи помор на плашицата како пред некоја година. И после, виновникот ќе биде никој. Не, виновен ќа биде ЕЛЕМ – вели Талевски.

Талевски предупредува дека нивото на езерото е 15 сантиметри под природната минимална кота.

– Охридското Езеро не е акумулација за вода на ЕЛЕМ. Денеска на електронската табла на УХМР која ги покажува главните параметри на водата од Охридското Езеро, можеше да се прочита дека нивото на водата беше 15 см под минимална природна кота на езерото. Главната причина за вака ниското ниво на езерото е производство на електрична енергија од страна на ЕЛЕМ. Езерото се празни, а сите си молчат – додава Талевски.

И од Охрид СОС велат дека ЕЛЕМ ја користи водата од реката Дрим за производство на електрична енергија.

– Охридското Езеро не е вештачко езеро па да може кој сака да си го (зло)употребува. Ова не смее да се дозволи – апелираат од Охрид СОС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...