fbpx

Експерти на ОН до Трамп: Расизмот и насилствата мора да бидат осудени

-

Експертите за човекови права на Обединетите нации денеска ги повикаа САД да се спротивстават на порастот на расистичкото насилство и ксенофобија во оваа земја и да ги процесуираат извршителите на злосторство од омраза.

– Ние сме шокирани од насилството во Шарлотсвил и расната омраза која ја искажаа екстремно десничарските националисти, приврзаниците на супремацијата на белата раса и неонацистичките групи. Повикуваме на процесуирање и соодветни казни за сите извршители и брзо отворање на независна истрага за овој настан. Актите од омраза и расистичкиот говор на омраза мора недвосмислено да бидат осудени. Злосторствата од омраза мора да бодат истражени, а извршителите процесуирани “ соопштија независните експерти на ОН во изјавата објавена во Женева, каде е седиштето на Агенцијата на ОН за човекови права.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го осуди расизмот и неонацизмот, но рече дека и двете страни се виновни за насилствата во Шарлотсвил, кои избија за време на викендов. Но судирите кои измија за време на протестот на неонацистите, скинхедсите, приврзаниците на некогашната организација „Кју-клус-клан“ и други екстремисти и контрапротестот на нивните противници загина една 32-годишна жена, а 19 лица се повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...