fbpx

Економските промотори нема да бидат под Агенцијата за странски инвестиции

-

Економските промотори повеќе нема да бидат под надлежност на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, предвидуваат измените на Законот за Агенцијата, чија подготовка, според „Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР“, е почната вчера.

Измените на Законот треба да бидат готови до 15 март.

„Со Предлог на законот за изменување на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија се брише одредбата за економските промотори, со оглед на тоа дека истите нема да бидат повеќе во надлежност на Агенцијата. Воедно се брише одредбата со која еден од условите предвидени за директорот на Агенцијата се психолошки тест и тест за интегритет“, стои во образложението.

Со измените, се додава, треба да се допрецизираат одредени одредби и да се усогласат со одредбите на Законот за административни службеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...