fbpx

Економскиот пораст во вториот квартал, во рамките на проектираното

-

Најновите показатели на Народна банка покажуваат дека економската активност и понатаму се зголеува со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки.

Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор.

По порастот на БДП во првото тримесечје, кој соодветствуваше на проекциите, показателите за економската активност во вториот квартал посочуваат продолжување на овие трендови.

Податоците за индустриското производство во јуни покажаа пораст во овој сектор, со што во целост беше надминато намалувањето забележано во периодот април – мај. Најновите податоци за градежништвото и за трговијата покажуваат подобри остварувања од тие во првото тримесечје од годинава. Сите овие показатели упатуваат на економски пораст во вториот квартал, кој не би отстапувал значително од проектираниот.

– Сепак, и понатаму се присутни неповолните ризици околу порастот за втората половина од годината, поради евентуално пролонгирани ефекти од домашните случувања и од случувањата во надворешното опкружување – се вели во соопштението на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...