fbpx

Економскиот пораст е понизок во однос на априлската проекција на НБРМ

-

Економскиот пораст во првата половина од годината е понизок во однос на априлската проекција на Народна банка, што исто така укажува и на „потенцијално надолно отстапување од проектираниот економски пораст за целата 2016 година“, се вели во најновиот извештај за макроекономски показатели на НБРМ.

– Домашните неекономски фактори поврзани со политичките случувања во земјата и понатаму ја зголемуваат неизвесноста околу остварувањата и оцените за економската активност – се вели во извештајот на банката.

Во однос на надворешното опкружување на македонската економија, од Народната банка очекуваат одлуката за излез на Велика Британија од Европската Унија да не се одрази врз странската ефективна побарувачка годинава, меѓутоа негативните ефекти се очекуваат во 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...