fbpx

Економски теми и предлог-завршната сметка на ланскиот буџет на седницата на Влада

-

На денешната 75. владина седница која ќе почне во 12 часот, меѓу другото, е предлог – завршната сметка на буџетот за 2017 година, со конечен извештај на овластен државен ревизор.

Министрите на седницата ќе го разгледуваат ценовникот за висината на цената на сирова вода наменета за водоснабдување на населението од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица кон корисниците на ЈП „Студенчица“ Кичево за регулираниот период 2018-2020 година, со предлог-одлука.

„Пред министрите на денешната седница ќе се најде нацрт – одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и за висината на закупнината, нацрт – договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштвото за трговија и услуги „Ааим проперту“, како закупец на земјиште и нацрт – одлуката за давање на согласност на договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштвото за трговија и услуги „Ааим проперту“ Скопје, како закупец на земјиште“, се вели во соопштението на Влада.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за предлог – договор за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија“ предложена од кабинетот на министерката без ресор, задолжена за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...