fbpx

Еко-акција во општина Аеродром за собирање на опасен отпад

-

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, в сабота, во периодот од 12 до 14 часот, ќе реализира еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, во урбаната заедница „Лисиче“.

Еко-акцијата ќе се одржи кај старата продавница на „Славија“ во трговскиот центар, каде граѓаните од населбата Лисиче можат да се ослободат од опасниот отпад од домаќинствата.

„Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди“, стои во соопштението на Општина Аеродром.

Од Општината додаваат дека во ноември и во декември минатата година на истата еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, биле собрани вкупно 1.907 килограми опасен отпад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...