fbpx

ЕК интегрално го објави последниот предлог за помош на Грција

-

Во интерес на транспарентноста и поради информираност на грчкиот народ, Европската комисија го објавува последниот предлог усогласен помеѓу трите институции (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), кој го зема предвид и предлозите на грчките власти од 8, 12, 22 и од 25 јуни, како и разговорите на политичко и на техничко ниво кои се водеа неделава, пишува во соопштението објавено на страницата на Европската комисија.

„Дискусиите за овој текст се водеа со грчките власти во петокот вечерта. Разбирањето на сите инволвирани страни беше дека на овој состанок на Еврогрупата треба да се постигне сеопфатен договор, таков што не само што би ги вклучил заеднички договорените мерки, туку, исто така, би се однесувал и на идните финансиски потреби и на одржливоста на грчкиот долг. Исто така, тој договор вклучуваше и поддршка од Комисијата во вид на пакет за нов почеток за отворање работни места и пораст во Грција, зголемување на наплатата и на инвестициите во реалната економија, што беше дускутирано и одобрено од Колеџот на комесарите во средата, на 24 јуни. Меѓутоа, ниту оваа најнова верзија на документот ниту, пак, преглед на сеопфатен договор кој може да биде официјално финализиран и претставен од Еврогрупата не може да се случи поради едностраната одлука на грчките власти да се откажат од процесот вечерта на 26 јуни 2015 година“, пишува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...