fbpx

Египет ќе ги депортира затворените странски државјани

-

Египет ќе ги депортира странските државјани кои се осудени на затворски казни во земјата, јавија светските агенции.

Одлуката за депортација, која следува по указот на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, се донесува и на австралискиот новинар на телевизија „Ал Џазира“, Питер Грест.

Грест во декември минатата година беше уапсен заедно со шефот на египетското биро на „Ал Џазира“ во Каиро, Мохамед Фадел Фахми, кој има египетско и канадско државјанство, и со египетскиот продуцент Бахер Мохамед. Тројцата се обвинети за погрешно информирање за настаните во Египет, фалсификување документи, како и за поддржување на забранетото исламистичкото движење „Муслиманско братство“.

Судот во Каиро им изрече казна затвор од седум години на Грест и на Фахми, додека на Мохамед – казна од 10 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...