fbpx

Едукативно-превентивна кампања „Вози одговорно – животот е во твои раце“

-

Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата од Охрид, користејќи ја зголемената фреквенција на сообраќајот, денеска ја реализира едукативно-превентивната кампања „Вози одговорно – животот е во твои раце“.

– Целта е потсетување на сите учесници во сообраќајот за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, внимателно управување со патничките моторни возила, мотоциклите и велосипедите. Кампањата треба да влијае врз подигнување на јавната свест за зголемена безбедност во сообраќајот и унапредување на сообраќајната безбедносна култура кај сите учесници во сообраќајот – вели претседателот на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот, Стефан Димоски.

Кампањата ќе биде реализирана во соработка со Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР од Охрид.

Сообраќајната полиција ќе постави сообраќаен пункт кај селото Подмолје и на возачите на автомобилите и другите возила, низ советодавна комуникација, ќе им подели едукативни наменски летоци со низа практични совети за безбедно возење и зголемена сообраќајна безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...