fbpx

Едните за брза влада, другите за брзи избори: Ново продолжение на собранискиот маратон

-

Денеска има ново продолжение на конститутивната седница на Собранието, на која пратениците треба да расправаат за изборот на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања, како и за изборот на претседател на законодавниот дом.

Преку викендот партиите си ги разменија обвинувањата и контраобвинувањата на тема утринските мразовии и штетите по земјоделството, изградбата на новиот клинички центар и околу новата влада.

Во досегашните продолженија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сами си дискутираат и си реплицираат, СДСМ главно се неактивни, а со секое соопштение или прес-конференција најавуваат „брзо формирање влада“.

Кон повиците  на партијата на Груевски за нови вонредни избори, во петокот се приклучи и иницијативата „За заедничка Македонија“.

Од ДУИ директно побараа „партиите на Македонците да се договорат за разврска на кризата“, а сè почести се и непотврдените информациите за наводни директни средби Заев – Груевски.

Нема индикации дека во Собранието ќе се смени вообичаеното сценарио на реплики и на процедурални забелешки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...