fbpx

Една жена почина од напад во воз во Швајцарија

-

Почина една жена повредена за време на синоќешниот напад со нож во воз во Швајцарија, соопшти полицијата. Жената која имала 34 години им подлегна на повредите здобиени за време на нападот, а уште три жртви остануваат во критична состојба. Во нападот беа повредени седум луѓе. Напаѓачот првин нападнал со нож, а потоа подметнал пожар во возот. Напаѓачот, кој бил швајцарски државјанин, исто така починал од изгорениците од пожарот.

Полицијата соопшти дека не постојат индикации дека 27-годишниот осомничен за нападот имал какви било врски со терористички организации. Осомничениот за нападот исто така е хоспитализиран со тешки изгореници.

Нападот се случил во близина на границата со Лихтенштајн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На...