fbpx

Една година затвор за поседување оружје за дедото на малата Тамара

-

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина. Одлуката следува по жалбата на Обвинителството. Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од 1 година.

На 11 јули се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид за убиство“. Адвокатката Павлина Зефиќ рече дека ќе ги вложат сите правни лекови за да ја оспорат пресудата.

Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој се товареше за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Според она што го кажал пред полицијата, тој дошол утрината сам во Скопје. Кај себе имал повратен билет за Велес. Кажал дека тој најпрвин го чекал Тодоров дома, но ексминистерот не се појавил. Потоа дошол пред Министерството за здравство и веднаш кога му се појавил пред очи, почнал да пука кон него. Тодоров не беше повреден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...