fbpx

Еди Рама: Не е важно што ќе се случи меѓу нас, туку меѓу Западен Балкан и ЕУ

-

Нашето прашање не е што ќе се случи меѓу нас ( Западен Балкан – н.з.), туку меѓу нас и Европската Унија, изјави денеска во Брисел албанскиот премиер Еди Рама, отворајќи го 18. политички самит за Западен Балкан и ЕУ, организиран од стручната организација „Пријателите на Европа“, заедно со Регионалниот совет за соработка, а со поддршка од Европската комисија, УНДП, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Фондацијата „Браќа Рокфелер“.

– Европската Унија е важна движечка сила за Балканот, бидејќи без неа регионот не би можел да ги спроведува реформите и сè што се случува е затоа што Балкканот сака да биде дел од европското семјество. Ако оваа надеж избледи, работите би можеле да отидат во погрешна насока – објасни Рама на собирот наречен „Западен Балкан на раскрсница: Нови предизвици, промена на динамиката“.

Генералниот секретар на Рeгионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, истакна дека Повеќегодишниот акционен план (MAP) за регионален економски простор на Западен Балкан, а кој беше поддржан од лидерите на шесте земји летоска во Трст, е во центарот на разговорите и е наведен како исчекор кон заедничката цел – пристапување во Европската Унија.

– Имаме план за напредок на регионот и сега треба да го спроведеме – изјави Свилановиќ, појаснувајќи дека станува збор за јасен план за подобрување на трговијата, вклучувајќи ја и трговијата со услуги, отстранување на нецаринските бариери, пронаоѓање начини за привлекување странски инвеститори, мобилност на експерти, истражувачи, иноватори, студенти и, на крај, од пресудна важност – дигитализација и дигитална интеграција на регионот.

На панел-дискусијата за економската соработка, како што соопшти РСС, беше изнесен податокот од извештајот за спроведување на Стратегијата 2020 на РСС, според кој во минатата година е направен пробив во отворањето нови работни места во шесте земји од Западен Балкан. Само во 2016 година биле отворени 400.000 нови работни места и иако податоците се разликуваат од економија до економија, се очекува овој тренд да продолжи оваа и наредната година.

Генералниот директор во Европската комисија за европска политика добрососедство и проширување, Кристијан Даниелсон, изјави дека меѓу лидерите од Западен Балкан постои голема посветеност да се направи прогрес во реформите за пристапување во Европската Унија.

– Видовме промени на економските модели во регионот кои се охрабрувачки. Потенцијалот на регионот лежи во регионалната соработка. Во соработка со РСС во моментов работиме на регионалниот економски простор, бидејќи го гледаме како силен придвижувач на порастот и на отворањето нови работни места, што ќе донесе полза на луѓето. Не станува збор за алтернатива за пристапувањето кон Европската Унија, туку за загревање за влегување во Унијата – нагласи директорот Даниелсон.

Еден од учесниците на панел-дискусијата „Мисли локално, дејствувај регионално“, беше и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...