fbpx

Еди Рама ќе ги објави замениците на четворицата министри што дадоа оставки

-

Почнувајќи од денеска, албанскиот премиер Еди Рама ќе назначи нови министри на местото на четворицата од неговата влада што дадоа оставки. Рама вели дека оставките се само поради тоа „да им се дозволи на изборните координатори да се фокусираат со свежи сили на изборната кампања“.

Оставки вчера дадоа Бленди Клоси, министер за социјална заштита, Бледи Кучи, министер за локална самоуправа, Саимир Тахири, министер за внатрешни работи, и Илир Беќај, министер за здравство. Тие се и изборни координатори на Социјалистичката партија во некои од клучните области.

Рама ги пофали досегашните министри, припишувајќи ги оставките на партиските потреби, а не на притисоците од опозицијата или од клучниот коалиционен партнер во владата, партијата Социјално движење за интеграција.

Претседателот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, кој постојано го напаѓаше досегашниот министер за внатрешни работи за поврзаност со трговијата со марихуана, и постојано бараше формирање техничка влада, вчера искоментира дека ваквите потези на Рама нема да го разубедат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...