This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Thu Oct 19 14:18:51 2017 / +0000 GMT

Еден загинат и 19 повредени во насилствата на протестот на ултрадесничарите во Вирџинија




Најмалку едно лице загинало, а 19 се повредени во насилствата меѓу белите националисти и контра-демонстрантите што се случија синоќа во градот Шарлотсвил, во американската сојузна држава Вирџинија, јавуваат светските медиуми.

Од засега непознати причини вечера се урнал и хеликоптер на полицијата во Вирџинија, ангажиран за надгледување на судирите, при што загинале двајца полицајци.

Загината жена и повредените лица настрадале во моментот кога автомобил влета во група демонстранти, кои протестираа против маршот на ултрадесничарите. Дваесетгодишниот Џејмс Филдс од Охајо, кој е осомничен дека го управувал автомобилот, е притворен под сомнение за убиство од втор степен. Федералното истражно биро (ФБИ), како што пренесува „Би-би-си“, отворило истрага за случајот.

https://twitter.com/CNN/status/896551351991373824

Неколку илјади бели расисти, неофашисти и други ултрадесничарски групи од сите делови на САД вчера се собраа во Шарлотсвил бесни поради одлуката на градските власти да се отстрани споменикот на генералот на конфедерацијата од американската граѓанска војна (1861 - 1865), Роберт Ли.

Американскиот претседател, Доналд Трамп ги повика граѓаните на САД да ја надминат омразата и нетрпеливоста и да спречат вакви насилни протести.

„Сите мораме да се обединиме против омразата. Во Амарика нема место за вакво насилство. Да бидеме сите како едно“, напиша Трамп на својот твитер-профил.

Гувернерот на Вирџинија, Тери Меколиф изјавил дека има само една порака до белите националисти кои донесоа хаос во Шарлотсвил - „да си заминат дома“.

https://twitter.com/CNN/status/896565507075301377

Post date: 2017-08-13 10:48:30
Post date GMT: 2017-08-13 08:48:30
Post modified date: 2017-08-13 10:48:30
Post modified date GMT: 2017-08-13 08:48:30

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team