fbpx

Еден од напаѓачите во Истанбул бил азилант во Австрија

-

Чеченецот Ахмед Чатаев, кој е еден од бомбашите самоубијци што усмртија 42 и повредија 239 лица на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, од 2003 година како политички азилант живее во Австрија, објави виенскиот весник „Пресе“.

Весникот наведува дека Чатаев во 2012 година заминал за Сирија, каде се бори на страна на џихадистите.

Портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи соопшти дека турските власти веќе ги контактирале поради сомнежите за поврзаноста на Чатаев со нападот.

Австриската полиција, како што наведува весникот, го има заведено Чатаев како „странски борец“, кој им се приклучил на екстремистите во Сирија.

Според податоците на „Пресе“, Чатаев, кој кон крајот на 90-тите години на минатиот век во борбите во Чеченија ја изгубил едната рака, последен пат бил виден во пограничниот регион меѓу Сирија и Турција.

Чатаев, исто така, се поврзува и со минатогодишните напади во Анкара.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...