This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Thu Dec 13 14:01:38 2018 / +0000 GMT

Еден милион евра за проекти за 30 општини и за осумте плански региони   




Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон, денеска го отворија форумот на кој се презентираа условите и критериумите за финансирање на проекти во планските региони и во општините, во рамките на  проектот „Подобрување на општинското управување”, финансиран од Европската унија, во вкупна вредност од 2,4 милиони евра.

- Во рамките на проектот што Министерството го имплементира со УНДП, се финансираат осум проекти во осумте плански региони, a во втората фаза ќе бидат финансирани проекти и во 30 општини, во вкупна вредност од еден милион евра. Денеска, со учество на сите присутни  ги договараме генералните услови за подготовка и избор на првите осум проекти. Целта на Министерството за локална самоуправа е функционални единици на локалната самоуправа и конкурентни плански региони. Преку подобро управување на локално ниво да обезбедиме подобар пристап до услугите и подобар квалитет на живеење за сите граѓани - рече Фазлиу.

Post date: 2018-06-12 15:28:30
Post date GMT: 2018-06-12 13:28:30
Post modified date: 2018-06-12 15:28:30
Post modified date GMT: 2018-06-12 13:28:30

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com