fbpx

ДЗЛП: ДИК да не ги објавува сите лични податоци во избирачкиот список

-

Дирекцијата за заштита на личните податоци по службена должност извршилa вонреден инспекциски надзор во Државната изборна комисија (ДИК) по однос на објавувањето на личните податоци од Избирачкиот список на нејзината веб-страница и издала две привремени решенија.

Од ДЗЛП велат дека со едното од решенијата се забранува ДИК да обезбедува електронски пристап до личните податоци во Избирачкиот список објавен на веб-страната, на начин кој не е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

ДИК е задолжена да преземе мерки при пребарување во избирачкиот список објавен на веб-страницата:

  •  преку одредена општина да не се прикажуваат личните податоци на сите избирачи во таа општина;
  • преку одредена адреса да не се прикажуваат личните податоци на сите избирачи на таа адреса;
  • преку одредено име и презиме да не се прикажуваат личните податоци на сите лица кои го имаат тоа име и презиме.

„Во привременото решение е утврдено дека објавувањето и електронскиот пристап до личните податоци во Избирачкиот список преку веб-страницата на ДИК од страна на неодреден број лица не е правично и во согласност со закон и е извршено на начин што не е во согласност со конкретна и јасна законски утврдена цел“, велат од ДЗЛП.

Во другото привремено решение ѝ се забранува на Државната изборна комисија да објавува на својата веб-страна лични податоци на физички лица (име и презиме, пол, адреса, место и општина, датум на раѓање, податок за иселени лица и број на гласачко место) содржани во Списокот на неконзистентни записи-предмет на теренски проверки, бидејќи според ДЗЛП, ДИК нема правен основ да врши обработка преку објавување на лични податоци на физички лица, кои ќе бидат утврдени како неконзистентни записи и ќе бидат предмет на теренски проверки.

„Имено, објавувањето и овозможувањето на електронски пристап на Списокот на неконзистентни записи-предмет на теренски проверки кој содржи 89.384 записи со лични податоци на физички лица каде што пристап и можност за преземање имаат неодреден број лица, не е правично и не е во согласност со Изборниот законик и Законот за заштита на личните податоци. Привремените решенија се издадени со цел да се спречи понатамошна повреда на правата на субјектите на лични податоци и нанесување на евентуални штетни последици до донесувањето на решенијата“, велат од ДЗЛП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...