fbpx

Движење на демократските социјалисти – нова партија на Папандреу

-

Поранешниот грчки премиер, Јоргос Папандреу, ја обзнани својата нова партија, Движење на демократските социјалисти. Екслидерот на ПАСОК на 25 јануари ќе се бори за место во парламентот со новата партија и со тоа и официјално ја означи поделбата на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК).

Поранешниот премиер, кој Грците го поврзуваат директно со почетокот на финансиската криза и со воведувањето на програмите за штедење, не одбегна да одговори на нападите кои доаѓаат од ПАСОК и од Евангелос Венизелос, кои го обвинуваат дека оди против партијата што неговото семејство ја има одржано на нозе.

– Ако ме интересираше само личниот интерес, ќе останев со тоа што ми го предложија, со сигурноста на реизборот. Некои го користат татко ми Андреас Папандреу против мене. Не знам како се толку сигурни што ќе речеше Андреас денес, но знам што направи во 1974 година кога одлучи да не се согласи со партискиот интерес – истакна Папандреу.

Со неговата карактеристична фраза „Одиме“, повика на борба на предвремените парламентарни избори. Според првичните анализи, Папандреу се надева да добие поддршка од околу пет отсто од гласачите. Околу десетина поранешни министри и функционери на ПАСОК веќе се заедно со Папандреу и дел од нив ќе се најдат на кандидатските листи.

Папандреу беше премиер на Грција од 2009 до 2011 година. Со напуштањето на тронот на ПАСОК, заврши историското водство на партијата од династијата Папандреу.

Од поранешната неговата партија упатија силни критики за одлуката да замине од ПАСОК, велејќи дека е тоа тажен и очајнички потег.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...