fbpx

Две лица убиени на протести во Венецуела

-

Две лица загинаа за време на демонстрации во Венецуела, на кои опозицијата бара оставка од претседателот Николас Мадуро.

На протестите на опозицијата, кои се речиси секојдневни од 1 април годинава, досега настрадаа 72 лица.

Обвинителството отворило истрага за смртта на еден студент на протест на западот на земјата. Како што се наведува, студентот настрадал кога вооружен полицаец отворил оган кон демонстрантите.

Обвинителите ја истражуваат и смртта на демонстрантот на северозападот на земјата, кој за време на протестите е „прегазен со автомобил“.

Опозицијата со месеци бара предвремени избори.

Според анкетите, седум од 10 Венецуелци бараат Мадуро, кој е избран во 2013 година, а чиј мандат истекува во 2019 година, да замине од власт, сметајќи дека тој е одговорен за економската криза во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...