!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Две лица повредени при пожарот во Кулата „Трамп“


       
Њујорк, 8 јануари, 2018 - 16:16 (META) 

Американските медиуми јавија дека две лица се повредени, од кои едното посериозно во пожарот што изби во Кулата „Трамп“ во Њујорк. Пожарот еден час го гаселе осумдесет пожарникари.

Медиумите јавуваат дека една пожарникарска екипа била на покривот на зградата додека њујоршката противпожарна бригада објави дека се работи за „помал пожар“, кој бил предизвикан од дефект на инсталацијата.

Ерик Трамп, синот на претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ изрази благодарност за пожарникарите за добрата работа која што ја завршиле.

Седиштето на империјата на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп е облакодер од 58 ката во самото срце на Менхетен и во него се наоѓаат и домовите на неколку членови на семејството на Трамп.

Освен луксузни станбени единици, ресторани и продавници, во кулата на Трамп има се наоѓаат и седиштата на многу компании, а претседателот на САД и неговиот тим во кулата формираа и штаб за време на изборната кампања.