fbpx

Две градинки во Карпош ќе добијат три јонизатори на воздухот

-

Советниците од Општина Карпош на денешната седница на Советот, го поддржаа предлогот на градоначалникот Стефан Богоев, локалната самоуправа да им отстапи три јонизатори на воздухот на две градинки.

Клонот на градинката „Орце Николов“ во Карпош 2 ќе добие еден, а клонот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 ќе добие два јонизатори за воздух.

Советниците на седницата го поддржаа и предлогот Општината да обезбеди финансиска и материјална помош за три семејства од населбата Злокуќани, чии домови вчера беа зафатени од пожар.

На две семејства Општината ќе им обезбеди парична помош, а за третото ќе обезбеди градежни материјали, бидејќи опожарен им бил само покривот на куќата.

На седницата бил констатиран престанок на советничкиот мандат на Душко Весковски, кој стана директор на ЈП „Водовод и канализација“, а Елена Антониевиќ е именувана за нова советничка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...